Sayed Khodaberdi Sadat
24 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
КАБУЛ (AA) – Најмалку едно лице загина а шест се повредени во самоубиствен напад во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан Наџиб Данис за АА потврди дека бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на полициската станица во Кабул.
Потврди исто така, дека во нападот загина едно, а дека се ранети шест лица, меѓу кои две во критична состојба.
Сеуште никој не презеде одговорност за нападот.
Во близина на локацијата на самоубиствениот напад, се наоѓаат седишта на бројни странски организации.