Sayed Khodaberdi Sadat
09 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствениот напад извршен во избирачката канцеларија на кандидат за пратеник во авганистанската јужна покраина Хелманд, смртно настрадаа осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерството на Хелманд, Омер Зувак, во изјава за АА истакна дека напаѓачот влегол во избирачката канцеларија на кандидатот за пратеник, Мухамед Салех Ачикзеј, и ја активирал бомбата која ја носел со себе.
Зувак информираше дека во нападот животот го загубија вкупно осум лица, меѓу кои и Ачикзеј, додека 11 лица се повредени.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста на нападот.
Во местото каде што се случи нападот се реализираше кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат наредната година.
Инаку, на 20 октомври (сабота) ќе се одржат парламентарните избори во земјата.