Ekipa
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Самоубиствен бомбашки напад се случи западно од Триполи, при што цел на нападот беше безбедносна патрола, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бомбаш самоубиец на мотор се разнел во градот Џанзур изјави официјален либиски претставник кој сакаше да остане анонимен.
Нема пријавено повредени лица во нападот.
Безбедносните сили го затворија подрачјето и покренаа истрага за нападот, за кој досега никој не презеде одговорност.
Во Џанзур се наоѓа седиштето на Мисијата на ОН за поддршка во Либија (УНСМИЛ), резиденцијата на шефот на либискиот Висок државен совет и неколку агенции на ОН.