Sıdrah Gufran Roghay
21 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 26 лица се убиени во самоубиствен бомбашки напад кој денес се случи во главниот авганистански град Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Нусрет Рахими, соопшти дека нападот се случил во прометниот кварт Карта е Саки, а дека мета бил собирот организиран поради празникот Невруз кој во поширокиот регион се одбележува по повод започнувањето на пролетта.
Локалното радио „Азади“ јавува дека во нападот се ранети најмалку 18 лица, меѓу кои xповеќето се во тешка здравствена состојба.
Нападот се случил во доминантно шиитски кварт, во непосредна близина на шиитското светилиште во кое локалната заедница традиционално го одбележува Невруз.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите, а слични напади врз шиитската заедница најчесто ги извршуваа милитантите поврзани со терористичката организација ДЕАШ.