Qays Abu Samra,Zeynep Hilal Karyağdı
17 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
РАМАЛА (АА) - Властите на САД ги затворија банкарските сметки на претставништвото на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон и ја поништија дозволата за престој на шефот на таа канцеларија, Хусам Зомлот, и неговото семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Членот на Управниот одбор на ПЛО, Ахмед Мејделани, за АА потврди дека банкарските сметки на претставништвото на ПЛО во Вашингтон се блокирани кога и самата канцеларија.
Најостро осудувајќи ги потезите на САД, Мајделани изјави дека тоа не е во согласност со дипломатските и хумани норми.
„Тоа е варваризам. Што се децата на Зомлот виновни за дипломатските несогласувања, па им е поништена дозволата за престој? Одат на училиште таму, а поништен им е престојот“, изјави Мајделани.
Уште еден член на Управниот одбор на ПЛО, Васил Ебу Јусуф, изјави дека шефот на претставништвото на таа организација во Вашингтон, Зомлот, вече четири месеци се наоѓа во Палестина.
„Тој потег на САД е сегмент на опсежна борба против палестинското раководство, кое го одби американскиот план за кроење на договорот на векот по мерка на Израел“, порача Ебу Јусуф.
Тензиите на Блискиот Исток не стивнуваат од доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој прво го призна Ерусалим за главен израелски град, а додатен гнев кај Палестинците предизвика и со спречувањето на помошта за UNRWA и неодамнешната одлука за затворање на канцеларијата на ПЛО во Вашингтон.