Bilgin S. Şaşmaz
17 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
ЧИКАГО (АА) - Волонтерите на „Midnight Circuit“ успеаја да соберат речиси милион долари за време на хуманитарните перформанси во паркот „Холстен“ во Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за група акробати собрани од Џеф Џенкинс, која веќе 12 години води хуманитарна кампања за собирање средства за помош на најзагрозените категории на општеството, за реновирање детски игралишта и паркови.

На досегашните настапи циркусот собра 960.000 американски долари, а овогодишната турнеја ќе заврши на 21 октомври со перформансот во паркот „Велс“.