Dildar Baykan
17 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 17 лица загинаа во големото невреме на југозападниот брег на Соединетите Американски Држави (САД), кој се најде на удар на ураганот „Флоренс“ кој ја намали силата на ниво на тропска бура, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските претставнци соопштија дека на крајбрежните подрачја и понатаму им се закануваат поплави и свлечишта како резултат на обилните врнежи кои настапија со намалувањето на интензитетот на ветровите.
Во Јужна Каролина животот го загубија најмалку 11, а во Северна Каролина шест лица.
Последната жртва на бурата е тримесечно бебе кое загина откако стебло падна врз семејната куќа.
Гуверерот на Северна Каролина, Рој Купер, упати предупредување дека ураганот „Флоренс“ стигнал до најопасната фаза за населението.
Водостојот на реката Кејп Фир брзо расте и се заканува со наскоро излевање од коритото. Издаден е налог за евакуација на 2.800 станбени објекти во близина на нејзиниот брег.
Поплавите низ Северна и Јужна Каролина предизвикаа големи проблеми за населението, а над милион луѓе останаа без електрична енергија.
Проценките се дека големото невреме би можело да предизвика штета во вредност и до 170 милијарди долари.