Muhammed Bilal Kenasari
14 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт Департмент ја повика Кина со користење на својата економска моќ да ги запре нуклеарните и балистички програми на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Стејт Департментот Марк Тонер на редовната прес-конференција во Вашингтон ја повика владата на Кина да го искористи своето влијание што го има врз Северна Кореја.
Потсети дека Кина има многу силни трговски односи со Северна Кореја.
„Кина поради економските односи има еден вид на моќ врз Северна Кореја. Значи, со користење на овој посебен однос може да обезбеди запирање на нуклеарните и балистички програми на оваа земја", рече Тонер.
Тој нагласи дека Северна Кореја во изминатите шест месеци повеќе пати ги тестираше балистичките проектили, и порача како меѓународната заедница мора да преземе акција против оваа земја.
Според Тонер, мерки против Северна Кореја мора да се превземат во најкраток можен рок.