Dildar Baykan
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
МЕКСИКО (АА) - Во јужниот дел на Мексико, се сличила сообраќајна несреќа меѓу еден патнички автобус и транспортен танкер во која животот го загубиле 24 лица, а 9-мина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на државата Гуерено, Роберто Алварез, изјави дека на пацифичкото крајбрежје, во појасот на Сиуатанехо се случила сообраќајна несреќа меѓу патнички автобус и танкер за гориво.
Алварез истакна дека танкерот кој превезувал гориво бил со приколка. По сообраќајката танкерот се запалил и поголемиот дел од загинатите патници починале горејќи.
Портпаролот Алварез истакна дека во несреќата живоот го загубиле 24 лица, додека 9-мина се повредени.