Burcu Arik
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
АНКАРА (АА) - Бројот на жртви од хемискиот напад кои се наоѓаа на лекување во турските болници се зголеми на шест лица, соопшти денес министерот за здравство на Турција, Реџеп Акдаг, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи во уредничкиот деск на Anadolu Agency во Анкара, Акдаг изјави дека вкупно 34 лица биле хоспитализирани во Турција по нападот со хемиско оружје во Идлиб од страна на режимот на Асад.
„Дваесет и пет од 34 повредени лица се отпуштени од болница. За жал, шест лица го загубија својот живот. Првично беа три лица но денес бројот се искачи на шест”, вели Акдаг.
Тој нагласи дека конкретните докази на употреба на гас сарин во нападот биле пронајдени во крвта и примероците од урина кај жртвите.
„Клиничките ситуации на случаите веќе укажуваа на употреба на хемиско оружје. Тоа го потврдивме лабораториски и со резултатите од аутопсија”, вели тој.
Во нападот со гас сарин кој се случи на 4 април во Кан Шајкун во Идлиб загинаа околу 100 а повредени беа 500 цивили.