Sena Güler
22 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
ЊУЈОРК (АА) - Сириски бегалец кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), секој ден во својот ресторан им обезбедува бесплатен оброк на федералните работници, бидејќи федералната Влада во моментот е делумно затворена.
Јасин Теро, сопственик на „Yassin Falafel House“ во американската сојузна држава Тенеси, на 14 јануари започна со кампања со која им нуди бесплатни оброци на федералните работници, кои треба да ги покажат своите идентификациски картички дека се вработени.
Во разговор за Аnadolu Agency (AA), Теро изјави дека тој во САД дошол во 2011 година, откако започнала граѓанската војна во Сирија, а во 2014 година го отворил својот ресторан.
„Луѓето во Тенеси ни покажаа многу љубов во тоа време“, изјави Теро, додавајќи дека тие ја започнале оваа кампања за да ја вратат услугата на вредните и љубезни луѓе.
Сопственикот на ресторанот изјави дека бројот на лица кои имаат корист од оваа кампања секојдневно се зголемува.
Тој рече дека овој потег не е мотивиран политички и дека не е важно дали луѓето што доаѓаат во неговата продавница се републиканци или демократи.
„Добивме многу поддршка за оваа кампања“, додаде тој.
- Турскиот народ покажа големо гостопримство на Сиријците -
Теро се заблагодари на турскиот народ за тоа што е домаќин на Сиријците.
„Турскиот народ укажа голема помош и гостопримство на сирискиот народ кој побара да се засолни во земјата поради ситуацијата во Сирија“, изјави тој.
Теро, рече дека од сириските браќа кои живеат во Турција, сака да слушне слични приказни како неговата.
„Yassins Falafel House“ беше прогласено за Најпријатно место во Америка за 2018 година според списанието „Reader's Digest“.
Блокадата на федералната Влада во САД претставува најдолгата блокада на владата во американската историја, поради тоа што претседателот Трамп продолжува да инсистира на издвојување средства за финансирање на изградбата на ѕидот од буџетот, а демократите се противат на тоа.
Многу федерални агенции се или затворени или работат делумно поради прекинот на нивното финансирање, кој започна на 22 декември поради блокадата на Владата.