Gülbin Yıldırım
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) го усвои нацрт-законот кој предвидува многу важни промени во даночниот систем на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако даночната реформа доцна синоќа ја прифати Сенатот, денес предлог-законот беше усвоен и во Претставничкиот дом на САД со 224 гласа за, додека 201 застапници беа против.
По потписот на претседателот Доналд Трамп, законот и официјално ќе стапи на сила.
Како што пишуваат американските медиуми, станува збор за најголемата реформа на американскиот даночен систем во текот на последните 30 години.
Претседателот Трамп ги наведе споменатите промени во даночниот систем како историска победа за американскиот народ.
„Не верувам дека пазарите имаат сфатено до која мера оваа реформа е добра“, изјави Трамп за новинарите.
Тој додаде дека со тој закон е укинат клучен дел од претходниот Обамакер (Obamacare), додавајќи дека тоа е негова голема победа на домашен терен, но исто така голем божиќен подарок за сите вредни Американци.
Бројни поддржувачи на Републиканската партија се подготвуваат за прослава пред Белата куќа по повод усвојувањето на споменатиот закон.
Според оваа даночна реформа ќе се намали даночната стапка на приходите на богатите граѓани, додека даночната стапка на компаниите би се намалила од 35 на 21 процент.
За домаќинствата со среден приход ќе се намалат даноците за следната година во просек за 900 долари, а за најбогатите еден отсто Американци за околу 51.000 долари.
Многу аналитичари сметаат дека ова е првата голема правосудна победа за американскиот претседател по 11 месеци на функција.