Zehra Ulucak
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
ЛИНКОЛН (АА) - Полицијата во сојузната американска држава Небраска трага по човек кој се обидел да отвори сметка со банкнота од милион долари што не е во оптек, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Линколн џурнал стар“ (Lincoln Journal-Star) јави дека полицијата била известена за необичната ситуација во која се нашле вработените во подружница на банка во Хавелок, Линколн.
Вработените рекле дека машко лице на благајникот му пружило банкнота од еден милион долари и рекло дека таа е важечка, и покрај тоа што вработените во банката велеле поинаку.
Полицијата започна истрага и ги анализира снимките од безбедносните камери за да го утврди идентитетот на човекот кој ги напуштил просториите на банката со банкнотата.
Исто така полицијата се обидува да утврди дали лицето има имот и дали бил жртва на кривично дело.