свет

САД: Единиците на Службата за имиграција и царина со голема операција во Чикаго

За време на операцијата, избувна тепачка меѓу безбедносните сили и локалните жители

Elena Trenchevska Chekovic  | 09.11.2025 - Обновена : 10.11.2025
САД: Единиците на Службата за имиграција и царина со голема операција во Чикаго

СКОПЈЕ (АА) - Единиците на американската Служба за имиграција и царина (ICE) спроведоа операција во Литл Вилиџ во Чикаго, Илиноис, каде што живеат многу мексикански Американци, јавува Анадолу.

За време на операцијата, избувна тепачка меѓу безбедносните сили и локалните жители.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е познат по своите тврдокорни политики за имиграцијата, кои се фокусирани на заострување на граничните контроли, ограничување на легалната миграција и зголемување на депортациите.

Во рамките на неговиот познат закон за финансирање, тој издвои над 150 милијарди долари за зголемување на масовните депортации и притворања. Според Амнести Интернешнл, ICE сега е „вооружена“ со буџет поголем од речиси секоја војска на Земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.