Elena Trenchevska Chekovic
09 Ноември 2025•Ажурирај: 10 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Стотици луѓе излегоа на улиците на северниот град Хаифа во Израел на протести против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, јавува Анадолу.
Движејќи се од Центарот Кармел до плоштадот Хорев, демонстрантите повикаа на оставка од Нетанјаху и побараа предвремени избори.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Доста војни“, „Оди си Нетанјаху“ и „Народот сака предвремени избори“.
Во ноември 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени врз Палестинците во Појасот Газа.
Израел уби близу 69.000 Палестинци, претежно жени и деца, а повредени се над 170.000 во бруталните напади во Газа од октомври 2023 година, пред офанзивата да прекине според договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври.