свет

САД: Антифашистичките групи може да бидат означени како терористички групи

„Идејата на Антифа е да одиме онаму каде што одат тие (екстремната десница). Тој говор на омраза не претставува слобода на говорот“

Vakkas Doğantekin  | 19.08.2019 - Обновена : 20.08.2019
САД: Антифашистичките групи може да бидат означени како терористички групи

АНКАРА (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, истакна дека неговата администрација ја разгледува опцијата за ставање на американската група Антифа, скратено од антифашисти, на листата на домашни терористички групи, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Големо внимание се посветува за назначувањето на АНТИФА за ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТЕРОР“, напиша Трамп во твитот во неделата и ги предупреди официјалните претставници на градот Портланд, домот на Роуз Сити, најстарата и најактивна група Антифа во САД.

„Портланд се набљудува многу внимателно“, рече Трамп и упати совет до градоначалникот на Портланд правилно да ја заврши својата работа во врска протестите и контрапротестите во тој град.

Скот Кроу, еден од поранешните организатори на Антифа, за „Си-ен-ен“ во 2017 година изјави дека идејата на Антифа е да го спречи говорот на омраза каде и да се случува во услови доколку го загрозува животот на луѓето.

„Идејата на Антифа е да одиме онаму каде што одат тие (екстремната десница). Тој говор на омраза не претставува слобода на говорот“, рече Кроу.

„Така, ние треба да предизвикаме конфликт, да ги спречиме таму каде што се, затоа што не сметаме дека на нацистите или фашистите треба да им се даде право на збор“, додаде Кроу, бранејќи ја бесплатформната тактика на Антифа.

По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, во пораст е бројот на протестанти на Антифа, составена од главно млади, прогресивни, либерални Американци - левичари.

Конзервативните групи во САД ги критикуваат групите кои ѝ припаѓаат на Антифа дека се насилни за време на протестите и ја попречуваат слободата на говорот.

Идејата на Антифа произлегува поради нацистичка Германија и Антифашистичката акција, милитантна група основана во 1980-тите години во Велика Британија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.