Emre Gürkan Abay
14 Јануари 2020•Ажурирај: 15 Јануари 2020
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека водачот на нелегитимните вооружени сили во источна Либија, Хафтар, позитивно гледа на договорот со Владата за национално единство на Фаиз ес Серак и дека има потреба од два дена за консултации, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на руското Министерство се истакнува дека како резултат на преговорите водени во Москва, во принцип е постигнат договор за прекин на огнот.
„Разговорите во Москва се основа за Берлинската конференција“, се коментира во соопштението, и се додава: „Хафтар позитивно гледа на последната верзија на договорот за прекин на огнот со Владата за национално единство на Либија. Потребни се два дена за локални консултации.“
- Криза во либиските разговори во Москва
Вчера во Москва се водеа разговори помеѓу турската и руската делегација и страните во Либија.
Турската делегација го формираше текстот на договорот со Серак и со претседателот на Државниот висок совет, Халид ел Мишри.
Руската делегација се обиде да го убеди Хафтар и претседателот на Претставничкиот дом со седиште во Тобрук, Акиле Салих.
Сепак, Хафтар не го потпиша договорот, кој беше формиран како резултат на долгите напори и во утринските часови ја напушти Москва.