Turgut Alp Boyraz
14 Јануари 2020•Ажурирај: 15 Јануари 2020
ТРИПОЛИ (АА) – Легитимната Влада за национално единство (UMH) на Либија, истакна дека Русија врши притисок врз Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата, за да го потпише договорот за прекин на огнот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за надворешни работи Мухамед Сејале, во изјавата објавена на својот профил на Твитер, истакна: „Русија ни соопшти дека врши притисок врз Хафтар за да го потпише договорот за прекин на огнот.“
Денеска руското Министерство за одбрана објави дека Калифа Хафтар позитивно гледа на договорот со Владата за национално единство и има потреба од два дена за консултации.
- Криза во либиските разговори во Москва
Договорот за прекин на огнот со заедничка иницијатива на Турција и Русија беше потпишан од страна на легитимната Влада за национално единство (UMH), во присуство на Обединетите нации во Москва.
Страната на лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, побара еден ден за да го разгледа и да се консултира за договорот.
Утрово руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Хафтар ја напуштил Москва без да го потпише договорот.
Сѐ уште нема официјални информации за тоа дали Хафтар е пристигнат во Либија. Се тврди дека тој е отиден во Египет или во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои го поддржуваат воено, политички и финансиски.