Hakan Ceyhan Aydoğan
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
МОСКВА (АА) – Воздухопловната база Химејмим (Басел ел-Есет) што Русија ја користи во Сирија, планира да ја прошири и да ја претвори во комплетно уредена воена воздухопловна база, јавува Anadolu Agency (AA).
Во весникот „Известија“ е наведено дека според информациите од заменик-претседателот на Комисијата за одбрана на Советот на Федерацијата, Франц Клинцевич, воздухопловната база што се наоѓа во Латакија, северозападниот дел на Сирија, по утврдувањето на правниот статус ќе биде проширена и ќе се создадат услови руските војници да можат постојано да останат таму.
Клинцевич во изјавата истакна дека бројот на авионите што ќе се распоредат во базата, како резултат на билатералните договори, можно е да се зголеми, меѓутоа, моментно немало потреба од тоа. Рускиот сенатор истакна дека во базата нема да биде распоредено нуклеарно оружје и тешки бомбардери.
Во веста е наведено дека воздухопловната база Химејмим ќе биде проширена така што ќе можат да слетуваат и големи авиони. Ќе се формира и инфраструктура за персоналот да може да остане таму и ќе бидат зголемени безбедносните мерки во воздухопловната база.