Ali Cura
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
МОСКВА (АА) – Александр Михејев, претседателот на руската државна компанија за одбранбена индустрија „Рособоронекспорт“, истакна дека се подготвени за преговори со Турција за руските воени авиони, алтернатива на „F-35“, јавува Anadolu Agency (AA).
Михејев, одговарајќи на новинарското прашање од руските медиуми „Дали Москва е подготвена да ја снабди Турција со авиони, во случај Анкара да излезе од програмата за „F-35“, нагласи:
„Ако турската страна побара да контактира со нас, ние во рамките на можностите, заедно со руската авиокомпанија подготвени сме да преговараме“.
Михејев, давајќи информации за ракетниот систем за противвоздушна одбрана „S -400“, соопшти дека испораката ќе започне во јули.
Тој, исто така, истакна дека Русија и Турција донеле одлука во врска со прашањето за локализирање на производството на „S -400“ и дека продолжуваат да работат за исполнување на договорот.
На прашањето доколку биде исфрлена од програмата на авионите „F-35“, дал иТурција размислува за набавка на авиони од Русија, министерот за надворешни работи Чавушоглу одговори: „Јас така побарав, не постои такво нешто дека ‘Турција излегува’. Постои меѓународно право. Ќе ги побараме нашите права. Ајде да зборуваме за најлошото сценарио. Ние имаме потреба од нови авиони. Ако не успееме со „F-35“, авионот што ни е потребен мора да го купиме од некаде. Сè додека не произведуваме сами. Во моментов работиме напорно за производство на сопствени авиони“.