свет

Велика Британија загрижена поради информациите за испраќањето руски воени авиони во Либија

„Тоа е една друга американска хорор-приказна. Тоа е лажна информација слична на оние во минатите американски влади“

İlyas Tayfun Salcı  | 30.05.2020 - Обновена : 30.05.2020
Велика Британија загрижена поради информациите за испраќањето руски воени авиони во Либија

ЛОНДОН (АА) - ТАЈФУН САЛЏИ -

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека се загрижени поради тоа што руски борбени авиони се пренесени од Сирија во Либија.

Во изјавата од Министерството за Агенција Анадолија (АА) се истакнува: „Загрижени сме поради неодамнешните информации од Соединетите Американски Држави (САД) дека руски воени авиони се испраќаат во Либија од Сирија и поради порастот на доказите дека Русија е вмешана во редовите на силите на генералот (Калифа) Хафтар во Либија.“

„Овие странски интервенции го интензивираат конфликтот и го поткопуваат мировниот процес предводен од Обединетите нации (ОН)“, се нагласува во изјавата и се упатува повик до страните во Либија да се приклучат на напорите предводени од ОН за обезбедување прекин на огнот и за враќање на политичкиот дијалог.

- Русија негираше, САД споделија сателитски снимки -

Либискиот министер за внатрешни работи, Фети Башага, соопшти дека Русија испорачала најмалку 6 воени авиони од типот „Mig-29“ и 2 авиони од типот „Su-24“ до силите на Хафтар, кои се наоѓаат на истокот на земјата.

Заменик-претседателот на Комитетот за одбрана на рускиот Парламент, Андреј Красов, наведувајќи дека информациите дека неговата земја испратила воени авиони во Либија не ја одразуваат вистината, рече: „Тоа е една друга американска хорор-приказна. Тоа е лажна информација слична на оние во минатите американски влади.“

Командата на Aмериканските воени сили за Африка (AFRICOM) сподели сателитски слики од воени авиони на Русија испратени во Либија, тврдејќи дека авионите префарбани во базата „Хмејмим“ во Сирија во придружба на други руски авиони се испратени во Либија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.