Ahmet Dursun
30 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа, како последица на Ковид-19 починаа 57 лица, со што вкупниот број на починати достигна 7.734, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Иран се истакнува дека во текот на 24 часа во земјата од коронавирусот починале 57 лица, а потврдени се 2.282 новозаразени.
Исто така се наведува дека вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 148.950, а вкупниот број на починати на 7.734.
Министерството истакна дека 2.533 заразени се наоѓаат во критична состојба, и дека досега во земјата излекувани се 116.827 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Досега во земјата направени се вкупно 915.998 тестирања за Ковид-19.
Бројот на новозаразени и смртни случаи во Иран се намали кон средината на април. Но од неодамна повторно е во пораст, како резултат на олабавувањето на мерките и неспроведувањето на мерките за социјална дистанца.
Во Иран, на 2 мај, по два и пол месеци бројот на нови случаи се намали на 802, а дневната загуба на животи се намали на 34 лица.