свет, Коронавирус

Џамиите во Иран од денес повторно отворени за верниците

„Овој вирус предизвика многу промени во светот, во општеството, во политиката, здравството, па дури и во културата. Постави знак прашалник пред многу правила и пред процесот на глобализација на кој се потпираше светот“

Ahmet Dursun  | 30.05.2020 - Обновена : 30.05.2020
Џамиите во Иран од денес повторно отворени за верниците

ТЕХЕРАН (АА) - По речиси три месеци, во Иран од денес повторно се отвораат џамиите што беа затворени поради пандемијата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Иранските власти исто така донесоа одлука и за отворање на трговските центри.

Како што наведува иранската државна телевизија, претседателот Хасан Рохани порачал дека пандемијата на коронавирусот е најважниот и најголемиот проблем со кој се соочува Иран моментално.

„Овој вирус предизвика многу промени во светот, во општеството, во политиката, здравството, па дури и во културата. Постави знак прашалник пред многу правила и пред процесот на глобализација на кој се потпираше светот“, рече Рохани.

Тој додаде дека ќе биде потребно многу време животот да се врати во нормала.

„Јавноста треба да знае дека наскоро нема да можеме да се вратиме во условите на живот кои владееја пред коронавирусот“, рече иранскиот претседател, додавајќи дека луѓето ќе треба одредени аспекти од животот да ги префрлат во киберпросторот.

Предупреди дека последните неколку недели во Иран е забележан пораст на новозаразени затоа што жителите во некои покраини не се придржувале кон правилата за социјална дистанца.

„Непридржувањето кон упатствата и непосветувањето внимание на правилата е грешка што може да ја загрози судбината на целата земја“, додаде Рохани, порачувајќи дека ублажувањето на одредени мерки не значи и дека опасноста од вирусот е намалена.

Рохани истакна дека во рамките на отстранувањето на мерките, од денес ќе бидат отворени џамиите во целата земја, повикувајќи ги верниците да ги почитуваат сите мерки на здравствените институции, особено одржувањето на физичката дистанца.

Во Иран досега од коронавирусот Ковид-19 починаа 7.677 лица, додека бројот на заразени достигна 146.668. Излекувани се 114.931 лице кај кои претходно е утврдено присуството на коронавирусот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın