Kasım İleri
22 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Џон Кирби, портпаролот на американското Министерство за одбрана (Пентагон), истакна дека виделе како Русија врши воени злосторства во Украина и додаде дека помагаат во собирањето на докази за тие злосторства, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На дневниот брифинг пред медиумите, коментирајќи ја руско-украинската војна, Кирби рече: „Се наоѓаме на 26-тиот ден од војната. Русите не стигнаа до големиот дел од целите што си ги поставија или речиси не постигнаа ниту една од целите.“
Кирби посочувајќи дека Русија сѐ уште не може да влезе во градовите како што се Харков, Мариупол, Чернихив и Киев, рече дека оваа ситуација уште повеќе ја налутила руската армија.
„Својот гнев се обидуваат да потиснат со повеќе бомбардирање“, рече Кирби.
Наведувајќи дека бомбардирањата предизвикале големи разурнувања и цивилни жртви, Кирби продолжи со зборовите: „Се разбира, гледаме јасни докази за воени злосторства извршени од руските сили и помагаме да се соберат докази за тие злосторства, но тоа е истражен процес кој е во тек.“