Kasım İleri
21 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, соопшти дека злосторствата на Армијата на Мјанмар извршени врз муслиманите Рохинџа ги дефинира како „геноцид“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Блинкен во Музејот на холокаустот во Вашингтон даде изјави за злосторствата извршени од Армијата на Мјанмар врз муслиманите во Аракан.
Тој нагласи дека покрај холокаустот, САД признале уште 7 настани како геноцид.
„Денес како 8-ми геноцид го дефиниравме геноцидот и злосторствата против човештвото извршени од Армијата на Мјанмар врз народот Рохинџа“, рече Блинкен.
Меѓу другото, Блинкен истакна дека оваа одлука е донесена врз основа на нивната правна анализа на сеопфатната оценка подготвена од Стејт департментот на САД, како и врз документите и проценките од големите меѓународни организации и граѓанското општество.