свет

Израелските воени авиони уништија шесткатна зграда во Газа

Зградата во населбата Римал во западна Газа е лоцирана во близина на група училишта што припаѓаат на Агенцијата за помош на бегалци на ОН и Исламскиот универзитет на Газа

Halime Afra Aksoy  | 18.05.2021 - Обновена : 19.05.2021
Израелските воени авиони уништија шесткатна зграда во Газа Foto> Ali Jadallah/AA

ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони утринава уништија шесткатна зграда во Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зградата во населбата Римал во западна Газа е лоцирана во близина на група училишта што припаѓаат на Агенцијата за помош на бегалци на ОН и Исламскиот универзитет на Газа.

Нема пријавени жртви во нападот.

„Бројот на жртвите од тековните израелски напади врз блокираниот Појас Газа се искачи на 212“, соопшти вчера палестинското Министерство за здравство.

Меѓу жртвите се наоѓаат 61 дете, 35 жени и 16 постари лица, додека во нападите повредени се 1.400 лица.

Израелската Војска врши воздушни напади врз Појасот Газа од 10 мај, оставајќи зад себе огромно уништување на територијата што излегува на море.

Досега во ракетните напади на Палестинците од Појасот Газа кон Израел загинаа десет Израелци.

Неодамнешните тензии што започнаа во Источен Кудс (Ерусалим) за време на светиот муслимански месец Рамазан се проширија и во Газа како резултат на израелските напади врз верниците во џамијата „Ал-Акса“ и населбата Шеик Џарах.

Израел го окупираше Источен Кудс, каде што се наоѓа комплексот на џамијата „Ал-Акса“, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, чекор што никогаш не го призна меѓународната заедница.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.