свет

Свлечиште во Таџикистан одзеде 5 животи

Комитетот за цивилна заштита и вонредни состојби на Таџикистан соопшти дека во свлечиштето што вчера се случило во селото Дархан, сместено во околината на местото Деваштич во Согдиската Област, една куќа се урнала, а една куќа претрпела оштетувања.

Bahtiyar Abdülkerimov  | 18.05.2021 - Обновена : 19.05.2021
Свлечиште во Таџикистан одзеде 5 животи Фото: Архива / АА

ТАШКЕНТ

Свлечиште одзеде 5 животи во Согдиската Област, во северниот дел на Таџикистан, известува Агенција Анадолија (АА).

Комитетот за цивилна заштита и вонредни состојби на Таџикистан соопшти дека во свлечиштето што вчера се случило во селото Дархан, сместено во околината на местото Деваштич во Согдиската Област, една куќа се урнала, а една куќа претрпела оштетувања.

Свлечиштето предизвика смрт на 5 лица што останале под земјата, од кои 3 се деца.

Поројните врнежи од дожд во планинските делови од земјата предизвикаа природни катастрофи во кои од почетокот на месецот досега, животот го загубија 9 лица.

Таџикистан е земја која 93% од нејзината територија ја сочинуваат планински предели. Поплавите и свлечиштата се причина за човечки жртви во пролетните и есенските месеци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.