Zekeriya Güneş,Recep Çelik,Fecri Barlık
18 Ноември 2016•Ажурирај: 18 Ноември 2016
СИРТ (AA) - Три безживотни тела на работници се извлечени под земја откако во четврток вечерта дојде до рушење на рудникот во местото Ширван во турскиот град Сирт, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Кабинетот на гувернерот се наведува дека рушењето на рудникот на бакар предизвикано од свлечиште.
Се додава дека гувернерот веќе формирал кризен штаб во врска со оваа несреќа.
„Во текот на потрагата која сеуште трае пронајдени се три безживотни тела на работниците, додека е побарана испомош на спасувачките екипи од соседните градови", се наведува во соопштението.