Bakir Tiro
18 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
ВИЕНА
Волфганг Мукштајн, министерот за здравство на Австрија, најави ублажување на мерките против пандемијата на коронавирусот за државјаните на 12 европски земји што планираат да ја посетат нивната земја, известува Агенција Анадолија (АА).
Државјаните на Швајцарија, Белгија, Бугарија, Република Чешка, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Португалија и Шпанија од среда, 19 мај, при влез во Австрија нема да мораат да бидат изолирани во карантин доколку поседуваат ПЦР-тест, потврда дека се вакцинирани или дека прележале Ковид-19.
„Бројката на новозаразени се намалува во голем број земји и затоа одлучивме да ги олесниме мерките, паралелно со нашите чекори кон отворање на земјата“, изјави министерот Мукштајн.
Тој напомена дека и понатаму е потребно лицата што планираат да ја посетат Австрија претходно електронски да се регистрираат пред да тргнат на пат.