Ekip?
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Големите врнежи од дожд кои последните неколку дена паднаа во Германија, предизвикаа големи материјални штети, а во покраината Баварија е прогласена катастрофа, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради големите врнежи кои предизвикаа поплави, во областа Нидербаерн во покраината Баварија е прогласена катастрофа.
- Заглавени се 250 деца -
Врнежите во оваа област најмногу ги погоди областите околу градовите Симбах ам Ин, Трифтерн и Тан. Во Трифтерн во едно училиште и градинка заглавени се околу 250 деца.
Градоначалникот на Трифтерн, Валтер Чех, изјави дека центарот на градот за неколку часа бил преплавен и додаде,
„Околу 250 деца се наоѓаат во своите одделенија. Имаме среќа што училиштето се наоѓа на едно брдо. Но можно е децата ноќта да ја минат во спортската сала, бидејќи патиштата за пристап се затворени“.
- Во давањето помош се приклучи и крајбрежното обезбедување -
Градоначалникот Чех соопшти дека досега нема пријави за починати лица и дека покрај пожарникарите во спасување на загрозените учестуваат и екипи на крајбрежното обезбедување.
И во покраините Баден - Вуртемберг и Северна Рајна-Вестфалија, соседни покраини на Баварија, големите дождови предизвикаа поплави кои предизвикаа големи материјални штети.