Ekipa
24 Април 2019•Ажурирај: 26 Април 2019
ВИТЛЕЕМ (АА) - Шеснаесетгодишениот Палестинец Усаме Али ел Беден преживеа ранување на Западниот Брег, пишува Anadolu Agency (AA).
Израелските војници пукаа на него додека со врзани раце и со превез преку очите се обидувал да побегне од нив. Уапсен е за време на протестите на Западниот Брег. Сакајќи да се спаси, бегал со врзани раце и со превез на очите, по што врз него пукал израелски војник.
Беден е хоспитализиран во болницата „Хусејин“ во Витлеем. За АА раскажа дека е уапсен за време на протестите во четвртокот во Таки во јужниот дел на Витлеем. Протестирале поради Палестинка која загинала во сообраќајна несреќа што ја предизвикал еврејски доселеник.
Како што изјави, го уапсиле израелските војници. Му ги врзале рацете и му ставиле превез преку очите. Беден се обидел да побегне, но пукале во него и го раниле во ногата.
Тој изјави дека луѓето кои се наоѓале во близина сакале да го одведат во болница, во што ги спречиле војниците.
„Израелските војници намерно се обидуваа да ме убијат“, порача овој малолетник.
Го спасиле Палестинците, меѓу кои имало и жени, кои го зеле, и покрај негодувањето на израелските војници, и го одвеле во болница.