Emre Gürkan Abay
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија побара помош од Турција за пронаоѓање на остатоците од рускиот борбен авион од типот „Су-25“ кој беше урнат во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на руското Министерство за одбрана се наведува дека испитувањата што ќе се направат на остатоците од борбениот авион, кој на 3 февруари беше урнат во сирискиот град Идлиб, ќе имаат големо значење за пронаоѓање на извршителите на нападот.
Во соопштението се вели дека од Турција е побарано помош за пронаоѓање на остатоците од авионот.
„Остатоците треба детално да се испитаат со цел откривање на типот на проектилот користен за уривање на авионот, местото на производство, како и начините на испорака во Сирија“, се истакнува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Во соопштението на Министерството за одбрана на Русија, објавено во саботата, беше наведено дека рускиот борбен авион од типот „Су-25“ бил урнат за време на летот околу зоната без судири во Идлиб, при што загина пилотот.
Последната недела во зоната без судири во Идлиб, мета на воздушните напади извршени од страна на режимот на Башар ал Асад во Сирија и руските воени авиони се болниците, џамиите, населени места и бегалските кампови. Во нападите животот го загубија десетици цивили.