Tuğrul Çam
06 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Рекс Тилерсон, и советникот за национална безбедност, Ејч Ар Мекмастер, ќе допатуваат во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатски извори, Тилерсон и Мекмастер во наредните денови ќе ја посетат Турција, каде што ќе реализираат средби со претставниците на оваа земја.
Изворите велат дека властите на двете земји работат на посетата на Тилерсон и Мекмастер во Турција.
Се очекува дека Тилерсон во средината на оваа недела ќе биде во Турција, додека Мекмастер за време на викендот.
Тилерсон на 30 март минатата година беше во посета на Анкара, а на 10 јуни во Истанбул.