Seda Sevencan
16 Септември 2021•Ажурирај: 18 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Според најновите податоци, Турција, од почетокот на имунизацијата во јануари, има администрирано над 104 милиони дози вакцини против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Над 52,3 милиони луѓе ја имаат примено првата доза од вакцините против Ковид-19, додека над 41,4 милиони се целосно вакцинирани, соопшти турското Министерство за здравство.
Податоците покажуваат дека 84,2 отсто од возрасната популација во земјата примила барем една доза од вакцините составени од две дози.
Турција со трета доза има вакцинирано над 9,69 милиони луѓе.
Според Министерството, во изминатите 24 часа регистрирани се 28.118 нови случаи на коронавирусот, додека 262 лица ја загубиле борбата со коронавирусот.
Во истиот период направени се 343.142 тестирања за детектирање на вирусот.