Emre Gürkan Abay
04 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
МОСКВА (АА) - Руската компанија „Гаспром“ и кинески ЦНПЦ потпишаа договор за испорака на дополнителни 10 милијарди кубни метри руски гас годишно, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на „Гаспром“ се наведува дека е потпишан долгорочен договор со ЦНПЦ за испорака на руски гас во Кина преку далечниот Исток.
Посочувајќи дека споменатиот договор ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји, во соопштението се нагласува: „Кога испораката ќе достигне полн капацитет во рамките на договорот, до Кина ќе бидат испорачани дополнителни 10 милијарди кубни метри природен гас, а вкупната испорака на руски гас во Кина ќе достигне 48 милијарди кубни метри годишно.“
Претседателот на „Гаспром“, Алексеј Милер, чии ставови се вклучени во соопштението, истакна дека договорот ја покажува заемната доверба меѓу Русија и Кина.
„Нашите кинески партнери во ЦНПЦ увидоа дека „Гаспром“ е доверлив снабдувач“, нагласил Милер.