Derya Gülnaz Özcan
04 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
АТИНА (АА) - Во Грција во борбата против Ковид-19 ќе се користат две нови вакцини на база на протеини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, заменик-министерката за здравство, Мина Гага, истакна дека во Грција ќе почнат да се користат вакцините за заштита од Ковид-19 базирани на протеини на француската фармацевтска компанија „Санофи“ и фармацевтската компанија „Новавакс“ со седиште во САД.
Наведувајќи дека вакцините на фармацевтската компанија „Новавакс“ ќе стигнат во февруари, Гага рече дека вакцините на фармацевтската компанија „Санофи“ се очекува во Грција да пристигнат во април.
Во Грција, која има околу 11 милиони жители, повеќе од 7 милиони луѓе досега обезбедиле заштита од Ковид-19 со вакцини од „БајоНТех“/„Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.