свет

Русија: Зазедовме две фабрики, рудник и населба во регионот Лисичанск

„Руските сили за воздушна одбрана со високопрецизно оружје уништија 5 складишта за муниција на Украинската армија во последните 24 часа.“

Dmitri Chirciu  | 01.07.2022 - Обновена : 02.07.2022
Русија: Зазедовме две фабрики, рудник и населба во регионот Лисичанск

МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија информира дека во последните три дена се запленети две фабрики, рудник и населено место во украинската област Лисичанск, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, даде изјави во врска со дејствијата на Руската армија во војната меѓу Русија и Украина која трае повеќе од четири месеци.

Наведувајќи дека руските сили продолжуваат да напредуваат во областа Лисичанск во Украина, Конашенков рече: „Во последните три дена под контрола се ставени рафинеријата за нафта во Лисичанск, рудникот „Матроскаја“, фабриката за желатин во Лисичанск и населбата Тополивка.“

Посочувајќи дека украинските воени единици се повлекле од областа Лисичанск „без да се организираат“, Конашенков рече дека е покрената истрага против администрацијата и за 171 војник на 57. Моторизирана бригада на Украина во Краматорск.

Нагласи дека руските сили продолжуваат да ги напаѓаат воените елементи во Украина, при што додаде: „Руските сили за воздушна одбрана со високопрецизно оружје уништија 5 складишта за муниција на Украинската армија во последните 24 часа.“

Истакнувајќи дека руските воздушни борбени тактички единици погодиле радари и 3 складишта за муниција на Украинската армија, Конашенков рече дека соборени се 2 авиони „Су-25“ и 11 беспилотни летала и дека заплениле 8 повеќецевни ракетни фрлачи.

„До денес во Украина се уништени 226 авиони, 134 хеликоптери, 1.411 беспилотни летала, 353 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 3.873 тенка и оклопни возила, 699 повеќецевни ракетни фрлачи, 3.067 хаубици и минофрлачи и 3.948 специјални воени возила“, нагласи Конашенков.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.