Elena Teslova
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Москва врати три украински брода запленети при минатогодишниот инцидент во Керченскиот Теснец, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството се истакнува дека Русија го гледа инцидентот како обид за илегално преминување на границата.
„Трансферот се реализира откако руските надлежни органи ги завршија потребните истражни дејствија на бродовите, и нивното присуство на територијата на Русија повеќе не е потребно“, велат од Министерството.
Во одделно соопштение, украинската заменик министерка Лана Зеркал, потврди дека бродовите се тргнати кон украинското пристаниште во Одеса.
Русија минатиот ноември заплени два брода на украинската Морнарица и еден реморкер, а зароби и 24 членови на екипажот поради влез во нејзините води на Керченскиот Теснец.
Меѓународниот суд во мај донесе одлука дека Русија треба итно да ги врати бродовите на Украина и да ги ослободи морнарите.
Русија и Украина извршија размена на затвореници во септември, меѓу кои беше и украинскиот екипаж.