Ekip
18 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
КАРАЧИ (АА) - Пакистан денес спроведе успешно тестно лансирање на балистичка ракета, соопшти Армијата, во услови на растечките тензии со својот ривал Индија, во врска со последниот потег со Кашмир во август, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ракетата копно-копно „Шахин 1“ - именувана по вид сокол, симбол на Воздухопловните сили на земјата, може да носи секаков вид боеви глави до далечина од 650 километри“, соопшти преку Твитер генерал-мајор Асиф Гафур, портпарол на пакистанската Армија.
Војската, исто така, објави видео од тестното лансирање - второ од месец август.
„Војниците покажаа висок стандард на умешност во ракување и оперирање со моќниот вооружен систем, обезбедувајќи го Пакистан со доверлив систем на одвраќање“, додаде Гафур.
Ова тестирање е четврто тестирање на ракети оваа година. Пакистан во август, односно мај, тестираше лансирање на балистичките ракети копно-копно „Газнави“ и „Шахин 2“, и тактичката балистичка ракета „Наср“ во јануари.
Постоечките тензии меѓу двете соседни земји се зголемија по одлуката на Њу Делхи за одземање на автономијата на Џаму и Кашмир на 5 август, поради што експертите за безбедност стравуваа од нов натпревар во вооружувањето во Јужна Азија.