Ekipa
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
ГУВАХАТИ (AA) - Индија тестираше балистичка ракета Агни-IV со дострел од 4.000 километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува индискиот национален јавен радиодифузер „Алл Индиа радио“, Агни-IV може да носи боеви глави со вкупна тежина до илјада килограми.
Ракетата ја разви Одделот за истражување и развој на одбраната (DRD), а пробно е лансирана од островот Абдул Калам на брегот Одиша во 11:50 часот по локално време.
Станува збор за ракета опремена со компјутер од петтата генерација, најточен систем за навигација РИНС и микронавигацискки систем МИНГС.
Се верува дека јужноазиските земји ги тестираат ракетите од среден и далечински дострел со цел заплашување на регионалните ривали.