Ayşe Aktaş
15 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
БУКУРЕШТ (АА) – Владејачката Социјалдемократска партија во Романија соопшти дека ја повлекува својата поддршка за премиерот Сорин Гриндеану и неговиот кабинет, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на Социјалдемократската партија, кој траеше над пет часа, членовите на партијата со мнозинство гласови одлучија да ја повлечат својата поддршка за владата.
Претставниците на партијата соопштија дека Гриндеану, кој веќе шест месеци е на премиерската функција, не успеал да ја спроведе партиската програма.
Генералниот претседател на партијата, Ливиу Драгнеа, истакна дека партијата донела храбра одлука и оти насоката на владата е добра, но, како што вели тој, спроведувањето на програмата оди бавно.
Според соопштеното, доколку Гриндеану, кој замина од состанокот пред гласањето, не даде отказ од својата премиерска функција, тој може да биде исклучен од партијата.
Од друга страна, Калин Попеску Таричеану, лидер на Либералната и Демократската алијанса којашто е вклуена во коалицијата, пренесе дека неговата партија веќе нема да ја поддржува владата, и соопшти дека тројцата министри кои се членови на Алијансата, прифатиле да дадат отказ.
Поранешниот премиер, Виктор Понта, го обвини Драгнеа за создавање бесмислена криза завидувајќи му на популарноста на премиерот Гриндеану.