Ikrame Imane Kouachi
27 Јули 2024•Ажурирај: 29 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Речиси 200 работници на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА) се убиени во израелските напади во Газа од 7 октомври минатата година, известува Анадолу.
„Кога војната во Газа започна пред речиси десет месеци, никој не мислеше дека ќе ја достигнеме оваа мрачна пресвртница. Речиси 200 членови на тимот на УНРВА се убиени во Газа. Ова не се бројки, ова се нашите колеги и нашите пријатели“, рече Филип Лазарини, шефот на Агенцијата на социјалната мрежа Х.
„Ова е убедливо најголемата загуба на персонал убиен во еден конфликт или природна катастрофа од создавањето на Обединетите нации“, истакна Лазарини.
Тој рече дека станува збор за реалност која никогаш не треба да се прифати.
Лазарини го повтори „повикот на генералниот секретар на ОН за целосна одговорност за секој од овие смртни случаи“.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа убивајќи повеќе од 39.258 Палестинци и ранувајќи над 90.589.
Израел е обвинет за геноцид од Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.