Associated Press
27 Јули 2024•Ажурирај: 29 Јули 2024
ПЕКИНГ (АА) - Возило влета во пешаци нешто по полноќ усмртувајќи 8 од нив во централниот кинески град Чангша, соопшти полицијата, известува Анадолу.
Полицијата не даде информации за несреќниот случај или повеќе детали во врска со настанот. Соопштено е само дека е приведен 55-годишен маж.
Во инцидентот што се случи нешто по полноќ, повредени се уште 5 лица, од кои две потешко.