Ethem Emre Özcan
25 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
ДАМАСК/АНКАРА (АА) - Режимот на Башар ал Асад тврди дека Израел извршил воздушен напад во јужниот дел на Дамаск, главниот град на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција „САНА“ блиска до режимот на Асад, во веста која ја базира на воени извори тврди дека Израел извршил воздушен напад над окупираната Голанска висорамнина во 23.50 часот по локално време на југот на Дамаск.
Во веста се наведува дека во нападот на планината Мани, на југот на Дамаск, настаната е материјална штета.
Познато е дека во главниот град Дамаск и неговите рурални области покрај војската на режимот се наоѓаат и терористички групи под команда на Иранската револуционерна гарда и припадници на либанскиот Хезболах.
Од Израел за овој настан сè уште нема соопштение.
Израелската Армија на 18 ноември сооопшти дека извела воздушен напад против воените цели на режимот на Асад и силите Кудс поврзани со Иранската револуционерна гарда во Сирија.
Од почетокот на граѓанската војна во 2011 година, Израел во Сирија одвреме навреме врши напади врз групите поддржани од Иран и воените пунктови кои припаѓаат на режимот на Асад.