Seda Sevencan
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
БОГОТА (АА) - Мексиканските власти објавија дека откриле масовна гробница во западната држава Халиско, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локалните медиуми, посмртните останки од најмалку 113 лица се пронајдени за време на ископување на гробницата во градот Ел Салто.
Триесет тела, две од нив женски, се идентификувани од нивните роднини, а идентификувањето на останатите тела е во тек.
Во периодот од 2006 до 2020 година вкупно 897 тела се пронајдени во тајни гробници за време на ископувањата во Халиско, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
Вкупно 6.900 тела се откриени од 4.092 тајни гробници низ целата земјата од 2006 година.
Во Халиско се наоѓа картелот „Халиско, нова генерација“, една од најсилните и најмоќните банди на организиран криминал во Мексико.