Ekipa
22 Август 2019•Ажурирај: 23 Август 2019
ИДЛИБ (АА) - Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад изврши провокациски истрели кон набљудувачката точка број 8 на Турските вооружени сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Воените авиони на режимот упатиле неколку истрели од тешки митралези во близина на набљудувачката точка 8 на Турските сили во подрачјето на Марет ал Нуман, југоисточен Идлиб.
Од провокациските истрели не е предизвикана штета.
Точката на набљудување број 8 се наоѓа на северно од Хан Шејхун, која режимот ја стави под опсада вчера.
Режимот со помош на терористичките групи поддржани од Русија и Иран во последните 10 дена напредува во јужниот дел на Идлиб.
Од потпишувањето на Договорот за Идлиб на 17 септември 2018 година до денес, околу 1 милион цивили емигрирале од областа кон границата на Сирија со Турција.
Локалните извори велат дека доколку нападите се прошират во подрачјата на Марет ал Нуман и Серакиб, бројот на раселени лица би можел да достигне 1,5 милиони.
Режимот на 19 август изврши напад врз турски воен конвој близу набљудувачката точка број 9, која се наоѓа во Морик, и при нападот загинаа 3, а повредени беа 12 цивили.