свет

Араканските муслимани не сакаат да се вратат во Мјанмар

Премиерката на Бангладеш, Шеих Хасина, изјави дека никого нема да принудува да се врати и дека тоа е на доброволна основа. Мјанмарската Влада наведе дека процесот на враќање започнува од денес

Zehra Ulucak  | 22.08.2019 - Обновена : 25.08.2019
Араканските муслимани не сакаат да се вратат во Мјанмар

КОКС БАЗАР (АА) - Араканските муслимани, кои спас од насилството на Мјанмарската војска и будистичките националисти пронајдоа во Бангладеш, не сакаат да се вратат во Мјанмар, пренесува Anadolu Agency (AA).

Абул Калам, повереник за помош и враќање на бегалците од Бангладеш, потврди дека откако мјанмарската Влада овој месец го одобри враќањето на 3.500 аракански муслимани, никој од нив не сака да се врати во земјата.

Според неговите зборови, ниту едно од 295 семејства не е согласно да се врати во Мјанмар.

Премиерката на Бангладеш, Шеих Хасина, изјави дека никого нема да принудува да се врати и дека тоа е на доброволна основа. Мјанмарската Влада наведе дека процесот на враќање започнува од денес.

Голем број невладини организации повикуваа да се создадат услови за враќање на мјанмарските муслимани во нивните домови.

Според податоците на УНХЦР, Бангладеш на Владата на Мјанмар ѝ испрати список со повеќе од 22.000 лица. Во првата фаза, е одобрено враќање на 3.500 лица.

Настаните кои драмата на муслиманите ја ставија во фокусот на светската јавност се случија на 25 август 2017 година. Под плаштот на борба против милитантните напади на полициските пунктови, Мјанмарската војска и будистичките милитанти тој ден тргнаа во брутални напади врз Рохинџите, при што свирепо се убиени над 24.000 припадници на тоа малцинство.

Нападите прераснаа во класичен облик на етничко чистење, а Мјанмарската восјка запали стотици муслимански села. Од тој регион повеќе од 750.000 муслимани побегнаа во соседен Бангладеш.

Обединетите нации (ОН) и меѓународните организации за заштита на човековите прва насилството врз муслиманите Рохинџа од Аракан го окарактеризираа како етничко чистење или геноцид.

Организациите за заштита на човековите права стравуваат дека враќањето на араканските муслимани во Мјанмар, без да се осигури безбедна средина, би можело да прерасне во етничко чистење.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın