Ekipa
12 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ДАМАСК (АА) - Силите на режимот во Сирија изведоа интензивни воздушни напади во подрачјата што се водат како „зони без судири“. Нападнати се подрачјата кои се под контрола на опозицијата во местата Ајн Терма и Џобар, во главниот град Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Амар ел Ахмед, член на локалниот комитет за координација на Ајн Терма, за АА изјави дека почнувајќи од утринските часови, во двете подрачја се извршени интензивни напади од страна на режимот.
„Режимот ги мобилизирал сите сили од подрачјето за напад врз Ајн Терма. Силите на Асад сакаат да ги изолираат подрачјата Ајн Терма и Џобар“, рече Ахмед.
Омер Ебу Убејде, одговорен за цивилната заштита на Џобар, изјави дека во нападите се ранети 7 лица, меѓу кои има жени и деца.
Убејде истакна дека доколку ги изолираат Џобар и Ајн Терма, тогаш е можно местото Џобар самостојно да биде ставено под опсада. „Силите на Асад, изолирајќи ги населбите, појасите и места во подрачјето на Источна Гута, во главниот град Дамаск, сакаат да ја преземат контролата врз областа“, рече Убејде.
Појасот Источна Гута, во кој спаѓаат местата Џобар и Ајн Терма, во Источен Дамаск, веќе 5 години е под опсада на силите на режимот.
Местото Џобар е во крајниот југоисток од Источна Гута, во форма на полуостров, и во случај на изолација од местото Анј Терма, кое се наоѓа во југозападниот дел, ќе остане осамено под опсада.
Осумдесет отсто од станбените објекти во Џобар и во Анј Терма имаат претрпено оштетувања. Нема електрична енергија и водата е во прекин. Населението со вода за пиење се снабдува од бунари, а електрична енергија се обезбедува од генератори.