Yusuf Hatip
12 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) упати предупредување дека режимот на сирискиот претседател Басар ал Асад треба да одговара за нападот со хемиско оружје во Дума, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Повторуваме дека треда да се одговора за сите воени злосторства извршени во Сирија и за користењето на хемиско оружје“, се вели во соопштението на кабинетот на портпаролот на Европската комисија.
Според соопштението, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, истакна дека земјите-членки се во контакт околу случувањата во Сирија, и дека ова прашање ќе се дискутира и на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој ќе се одржи наредната недела.
Во нападот со хемиско оружје извршен на 7 април врз цивилите во Дума, Источна Гута, загинаа 78 цивили.
Во Извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR), објавен на 4 април, беше наведено дека од почетокот на граѓанската војна во Сирија досега, Асадовиот режим извршил 214 напади со хемиско оржује, додека по масакрот во Хан Шејхун извршил 11 хемиски напади.