ЕРУСАЛИМ (АА) - MUSTAFA DEVECI -
Додека Русија со вложувањето вето на Резолуцијата за Сирија го штити режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, сириските цивили гинат, токму како што и палестинските цивили ја плаќаат цената на дипломатскиот штит кој го поставуваат САД за заштита на Израел со користење на своето право на вето во Советот за безбедност на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Ветото кое го вложуваат САД и Русија, две од петте постојани членки на ОН, е главна препрека поради која не е возможно да се спречи хуманитарната драма и страдањето на цивилите во Палестина и Сирија.

Русија пред два дена вложи вето на Нацрт-резолуцијата со кој се предвидуваше воспоставување механизам на ОН за истрага и утврдување на одговорноста за употребата на хемиско оружје во Сирија, поточно во врска со последниот напад врз сирискиот град Дума.
Советот за безбедност на ОН побара покренување на независна и транспарентна истрага во врска со убиството на 32 Палестинци за време на несразмерната употреба на сила на Израелската војска за време на протестите во Газа, но САД на 7 април го одбија ова барање по вторпат.
Ветото кое го вложува Русија е причина за новите злосторства на режимот на Асад, а ветото на САД, за новите злосторства на Израел.
САД до денес вложија вето на вкупно 40 нацрт-резолуции кои Советот за безбедност на ОН сакаше да ги усвои против Израел. Меѓу нив, околу 30 нацрт-резолуции се однесуваа на случувањата на окупираната палестинска територија, а резолуциите беа во форма на предупредувања или осуди.
Кога станува збор за граѓанската војна во Сирија, Русија вложи вето на 12 нацрт-резолуции кои беа против режимот на Асад.
САД, првото вето на Нацрт-резолуцијата кој се однесуваше на Палестина, го вложија на 23 јануари 1976 година, а Нацртот предвидуваше формирање на независна држава Палестина, овозможување на враќање на сите палестински бегалци во соседните земји, а за оние кои нема да се вратат, плаќање отштета.
Освен тоа, со овој Нацрт од Израел се бараше итно повлекување од палестинската територија која беше окупирана во периодот по 1976 година.
Во март истата година, САД вложија вето и на Резолуцијата на Советот за безбедност за Ерусалим. Со Нацртот е упатен повик на Израел да ги запре иницијативите на физичките, демографските и карактерните промени на окупираната палестинска територија, првенствено во Ерусалим.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ерусалим го признава за главен град на Израел и дека Амбасадата на САД од Тел Авив ќе ја премести во Ерусалим, САД на 18 декември повторно вложија вето на Нацрт-резолуцијата кој се однесуваше на ова прашање.
Советот за безбедност на ОН побара покренување на независна и транспарентна истрага во врска со убиството на 32 Палестинци за време на несразмерната употреба на сила на израелската војска за време на протестите во Газа, но САД на 7 април го одбија ова барање по вторпат.
За да го заштити режимот на Асад, Русија правото на вето го искористи 12 пати од почетокот на граѓанската војна во Сирија. Некои од овие вета се вложени кога со Нацрт-резолуцијата се бараше санкционирање на Асад поради користење на хемиско вооружување против сопствениот народ.
Москва првпат со вложувањето на вето го заштити режимот на Асад на 4 октомври 2011 година. Усвојувањето на Нацртот, кој предвидуваше санкции против Асад, доколку продолжи со воените операции во Сирија, со вето го спречија Русија и Кина.
На Нацртот на Резолуцијата кој го предложи Франција во мај 2014 година, а кој предвидуваше со режимот на Асад за злосторствата да се суди пред Меѓународниот суд за човекови права, вето вложија Кина и Русија.
Двете земји повторно вложија вето на санкциите против Асад во февруари 2017 година, иако е утврдено дека во својата земја користел хемиско оружје. До крајот на годината, Русија уште во три наврати со вето го спаси Асад.
Русија пред два дена вложи вето на Нацрт-резолуцијата со кој се предвидуваше воспоставување на механизамот на ОН за истрага и одредување на одговорностите за употреба на хемиско оружје во Сирија, поточно во врска со последниот напад на сирискиот град Дума.
Фактот дека Вашингтон го штити Израел, а Москва режимот на Асад, придонесува за тоа кризите во Палестина и Сирија да се доведат во безизлезна ситуација.
Поради притисокот кој Израел, охрабрен со адутот за вето на САД, го врши врз Палестинците, најмалку 5,3 милиони од нив денес имаат статус на бегалци.
Според податоците на Министерство за информирање на Палестина, во последните 18 години војниците убиле најмалку 3.000 палестински деца.
Илјадници Палестинци на границата на Газа на 30 март излегоа на протести по повод одбележувањето на Денот на земјата за да се присетат на 30 март 1976 година кога Израел од нив одзеде илјадници хектари земјиште. Израелската војска интервенираше на мирните протести, и уби најмалку 32 Палестинци.